„Мајмунски прав“ сее смрт низ Австралија: Поради оваа дрога луѓето мислат дека се непобедливи

Среда, 09 Јан 2019 | Прочитано 486 пати.

Смртоносна дрога позната како „Мајмунски прав“ се појави на забавите низ Австралија, а поради сериозноста на ситуацијата, австралиските власти испратија неколку предупредувања.



Дрогата која што е најпозната како „Мајмунски прав“, а исто така луѓето ја нарекувале и „Сол за капење“, се продава масовно низ дискотеките и музичките фестивали ширум Австралија. Станува збор за моќен дериват на метамфетамин кој што е прилично евтин, односно има улична вредност од само 10 долари по доза.


 


Експертите предупредуваат дека оваа дрога е екстремно опасна затоа што предизвикува силни халуцинации и луѓето кои што ја конзумираат имаат чувство дека се непобедливи.



 


Тие кои што ја консумирале оваа дрога често скокале пред автомобили и стоеле на рабови од висококатници, затоа што дрогата ги тера да мислат дека не можат да бидат повредени. „Мајмунски прав“ може да се пуши, да се вовлече преку нос или да се земе во облик на таблета.


 


Според истражувањата, докажано е дека и мала доза на оваа дрога која што е поевтина, но и помоќна од екстази, може да биде фатална.



 Само во последните неколку месеци четири лица го загубиле животот, а се претпоставува дека лицата ја консумирале токму оваа дрога на музички фестивал во Нов Јужен Велс.


[назад]
loading...
Коментари