Маж од Тексас ги уби трите деца на бившата, нејзиниот дечко, па себе

Четврток, 17 Мај 2018 | Прочитано 361 пати.

Маж од Пондер, Тексас пукал во неговата поранешна сопруга, нејзините три деца и дечкото, а потоа се самоубил.


Крвавиот инцидент го преживеа само поранешната сопруга, Аманда Ли Симпсон, која е пренесена во болница.


Трагедијата се случила вчераутро, откако инцидентот првично бил пријавен во полиција како провала.


Кога полицајците стигнале во куќата, ги нашле телата на напаѓачот, 39-годишниот Џастин Пејнтер од Форт Ворт, и 29-годишниот Сет Ричардсон од Ланкастер, момчето на Симпсон, и трите деца.


Полицијата не соопшти на која возраст биле убиените деца кои според Facebook профилот на Пејнтер медиумите ги идентификуваа како Кејденс Никол, Дрејк Александер и Один Тајлер Пејнтер.


Истрагата е во тек за да се утврди мотивот за убиствата.

[назад]
loading...
Коментари