Мека: Аџиите на Арафат, времето го минуваат во молитва и учење Куран

Сабота, 10 Авг 2019 | Прочитано 379 пати.

МEKA (АА) - Повеќе од 2 милиони верници муслимани денес се искачија на ридот Арафат во близина на саудискиот град Мека како дел од годишниот аџилак, јавува Anadolu Agency (AA).


Поминувајќи ја ноќта во молитва и споменување на Бога во шаторскиот град на Мина - првиот дел од петдневниот аџилак - аџиите, облечени во бела облека што ја потенцира рамноправноста без оглед на социјалниот статус или националноста, се подготвија за престојувањето на ридот Арафат од рано утро.


На ридот Арафат божјиот пратеник Мухамед ја одржа својата последна проповед.


Верниците ќе го поминат цел ден на Арафат во постојана молитва и барање прошка и милост од Бога.


На зајдисонце тие ќе се упатат кон Музделифа, на половина пат меѓу Арафат и Мина.


Подоцна тие ќе земат учество во симболичниот ритуал на „каменување на ѓаволот“.


Ритуалот претставува оживување на каменувањето на ѓаволот што божјиот пратеник Ибрахим (Аврам) го направи на трите места за каде што се вели дека ѓаволот се обидел да го одврати Ибрахим од испочитувањето на божјата наредба за жртвување на неговиот син Исмаил.


По ритуалот на каменување, утре аџиите ќе жртвуваат животни и ќе го одбележат почетокот на празнувањето на Курбан бајрам. 


Аџилакот е петтиот столб на исламот - обред што треба да го извршат сите муслимани барем еднаш во животот, доколку имаат финансиски можности.

[назад]
loading...
Коментари