На САД им се заканува нова снежна бура

Понеделник, 12 Март 2018 | Прочитано 143 пати.

На североисточниот дел од САД му се заканува трета снежна бура, а како што соопшти синоќа Националната метеоролошка служба, се очекува бурата да тргне кон брегот, предизвикувајќи уште повеќе снег.


Тоа ќе биде трета снежна бура во САД, а се очекува најмногу да бидат погодени Бостон, Мејн, Њујорк, Филаделфија, Западна Вирџинија и Кентаки.


Ризикот од поплави на брегот е помал отколку за време на претходните две бури, наведе службата.


Властите во Масачусетс соопштија дека околу 2.700 корисници поради бурата останале без струја, и дека без електрична енергија се уште се корисниците во Нова Англија.

[назад]
loading...
Коментари