Напад во полициската академија во Богота

Петок, 18 Јан 2019 | Прочитано 186 пати.

Во нападот со автомобил бомба на полициската академија во Богота загина најмалку 21 лице, а 68 се повредени. Претходниот биланс беше 10 мртви.

„За жал, прелиминарниот биланс е 21 мртво лице, вклучувајќи го и напаѓачот, а повредени се 68 лица“, наведе полицијата преку соопштение и додаде дека 58 повредени лица излегле од болница.

Експлозијата се случи на промоцијата на офицери во полициската академија.

[назад]
loading...
Коментари