НАТО го поддржа нападот во Сирија

Сабота, 14 Апр 2018 | Прочитано 104 пати.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја поддржа воената акција на САД, Велика Британија и Франција против сирискиот режим, оценувајќи дека таа ќе ја намали способноста за понатамошни напади со хемиско оружје врз сирискиот народ.


– Го поддржувам акциите на САД, Велика Британија и Франција против хемиското оружје на сирискиот режим. Тоа ќе ја намали способноста на режимот и понатаму да го напаѓа сирискиот народ со хемиско оружје, изјави Столтенберг.


Нападот во Сирија го поддржа и Турција, која ги поздрави воздушните удари на сириската влада како адекватен одговор, наведуваат извори од турското министерство за надворешни работи.


– Операцијата против сириската влада од страна на САД, Британија и Франција ја гледаме како прикладен одговор, навел турскиот извор.

[назад]
loading...
Коментари