Нов земјотрес го погоди Хокаидо

Петок, 05 Окт 2018 | Прочитано 59 пати.

Силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала повторно го погоди јапонскиот остров Хокаидо, соопшти денеска Jапонската метеоролошка агенција. Земјотресот се случи околу девет часот наутро, по локално време, со епицентар во јужниот дел на Хокаидо и на длабочина од околу 30 метри, јавува агенцијата Кјодо.

Во градовите Атсума и Мукава кои се наоѓаат во оваа област, нема повредени, а во Сапоро бил повреден 30-годишна жена. Засега не постои закана од цунамито, а компанијата за снабдување со електрична енергија рече дека не се откриени абнормалности во нуклеарните објекти.

Како што е наведено, денешниот земјотрес е најсилен по земјотресот што го погоди островот минатиот месец, во кој настрадаа 41 лице, а 10.000 згради беа оштетени.
Поради овој земјотрес, илјадници жители сé уште се наоѓаат во центрите за прифаќање.

Метеоролошката агенција ги предупреди граѓаните да бидат подготвени за можноста во текот на следната недела да има нов земјотрес со јачина од четири степени и повеќе, како и да се подготват за поројни дождови и лизгањето на земјиштето поради тајфунот кој треба да го погоди островот во неделата.

[назад]
loading...
Коментари