Нова ескалација: Индијците ги нападнаа Пакистанците, има и голем број на жртви

Среда, 03 Апр 2019 | Прочитано 518 пати.

Индиските власти соопштија дека нивната армија уништила 7 пакистански караули долж линијата на разграничување во Кашмир, а од Пакистан потврдија дека има жртви во редовите на нивната армија.




Како што пренесуваат индиските медиуми, повикувајќи се на извори од владата и армијата, индиската армија извршила голем напад и уништила 7 караули на пакистанската армија поставени долж линијата на разграничување во спорниот регион Кашмир.


Оваа акција на индиската армија наводно била одмазда за прекуграничното гранатирање. Од пакистанската армија синоќа потврдија дека тројца пакистански војници загинале, додека индиските медиуми тврдат дека има „голем број на жртви“.



 Нападот на пакистанските воени позиции доаѓа само еден ден подоцна откако три лица биле убиени, а дваесетина ранети во пакистанското бомбардирање на пограничниот простор.


Од Пакистан тврдат дека индискот напад бил „неиспровоциран“ и тврдат дека пакистанската армија веднаш „адекватно одговорила“ на нападите, па така и на спротивната страна имало поголем број на загинати.



Ова е уште една потврда дека ситуацијата во спорниот регион нема да се смири во догледно време. Пред неколку седмици, двете држави дојдоа до работ на војна откако меѓусебно извршија неколку гранатирања и беа соборени неколку борбени авиони.


[назад]
loading...
Коментари