Нова вакцина против ХИВ се тестира на 400 луѓе и 72 мајмуни

Вторник, 10 Јул 2018 | Прочитано 46 пати.

Една етапа од клиничките испитувања на нова експериментална вакцина против ХИВ, е завршена. Тестовите ја потврдија безбедноста на лекот, како и неговото својство да го зајакнува имунитетот на заболениот, се вели во напис на медицинското списание „Лансет“.


Во испитувањето учествувале 400 доброволци од САД, Тајланд, источна и јужна Африка, а на возраст меѓу 18 и 50 години, како и 72 мајмуни заморчиња. Тие биле поделени на групи, при што ниту учесниците, ни организаторите до крајот не знаеле кој добил вакцина, а кој нешто друго. Луѓето ги примиле лекот неколкупати: на почеток на експериментот, па по 12 недели, па во 28-та и во 48-та седмица.


И, првото нешто што лекарите го истакнуваат е дека лекот нема несакани ефекти кај луѓе без ХИВ вирус.


Кај носителите пак, има значајно зголемување на антителата против вирусот и на имунитетот.

[назад]
loading...
Коментари