Одмазда од Иран против САД: ЦЕНТКОМ внесен во списокот на терористички организации

Вторник, 09 Апр 2019 | Прочитано 230 пати.

Иран, како одговор на тоа што САД ја внесоа Армијата на Револуционерната гарда во списокот на терористички организации, соопшти дека и тој ја внесува Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) во списокот на терористички организации...

Врховниот совет за национална безбедност на Иран, како одговор на тоа што САД ја внесоа Армијата на Револуционерната гарда во списокот на терористички организации, соопшти дека и Иран ја внесува Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) во списокот на терористички организации.

Во објавеното писмено соопштение од Советот за национална безбедност на Иран, владата на САД е окарактеризирана како „поддржувач на тероризмот“ и се истакнува дека Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) и силите во нејзин состав, се внесени во списокот на терористички организации.

Во соопштението се вели следното: „Оваа неоснована одлука (за внесување на Армијата на Револуционерната гарда на Иран во списокот на терористички организации) претставува закана за регионалната и универзалната безбедност, и мирот. Освен тоа, значи прекршување и на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации. Армијата на Револуционерната гарда заедно со нејзините созјуници во регионот води борба против Ал Каеда, ДЕАШ, Нусра и другите терористички организации.“

[назад]
loading...
Коментари