Ова е новиот кинески невидлив авион „Ј-20“ кој кинеската армија го стави во служба

Недела, 11 Фев 2018 | Прочитано 305 пати.

Кина во борбена служба ја стави новата генерација невидливи ловци „Ј-20“ со надеж дека така ќе го намали јазот во однос на САД, објави Кинеското воено воздухопловство.


Кинескиот претседател Шји Џингпинг спроведува голема модернизација на кинеските вооружени сили, кои се најмногубројните во светот, а во неа се вклучени и проектили за соборување сателити и напредни подморници.


Воздухопловните сили објавија дека новиот модел на авиони „Ј-20“ отсега ќе придонесува за заштита на државниот суверенитет, безбедноста и територијалниот интегритет.


Погледнете ја видео презентацијата на авионот:


[назад]
loading...
Коментари