Перу: Пожар во автобус, 20 загинати

Понеделник, 01 Апр 2019 | Прочитано 252 пати.

Најмалку 20 луѓе загинаа во пожар во главниот град на Перу, Лима откако се запали автобус.

Очевидци велат дека се запалил моторот на автобусот по што се проширил врз целото возило. Причината за пожарот засега е непозната. Автобусот сообраќал на градска линија.

Градоначалникот на Лима, Хорхе Муњоз изјави дека автобусот бил зафатен од пожар на станица што властите пред неколку недели ја затвориле бидејќи се наоѓа на место каде илегално се продава гориво.

Инцидентот се случил во реонот Сан Мартин де Порес.

– Изгледа сите патници од горниот спрат на возилото пренесувале гориво, изјави Муњоз.


[назад]
loading...
Коментари