Поплави на Мајорка носат сѐ пред себе, најмалку пет загинати

Среда, 10 Окт 2018 | Прочитано 258 пати.

Најмалку пет лица загинаа во поројните дождови и поплави во гратчето Сант Лоренс на шпанскиот остров Мајорка, соопшти шпанската Служба за вонредни ситуации.

Меѓу жртвите има двајца британски државјани, соопшти заменик-градоначалникот на градот.

Најмалку 12 лица се уште се водат за исчезнати по синоќешните поројни дождови.

Според властите, интензитетот на врнежите бил 220 литри на метар квадратен.

Во областа се испратени 80 војници и техника кои треба да им помогнат на локалните жители и властите. Училиштата се затворени во три населби. Стотици луѓе се засолнети во спортски објекти и на локалниот хиподром.


[назад]
loading...
Коментари