Поранешен полицаец објави „војна“

Петок, 08 Фев 2013 | Прочитано 343 пати.

Илјадници полицајци се во потрага по својот поранешен колега кој ги предупредил дека ќе „завојува“ против нив, бидејќи му нанеле неправда.


Властите на Калифорнија издадоа предупредување до сите припадници на полицијата да се чуваат и дале заштита на сите кои се на списокот кој, како што се верува, го составил отпуштениот гневен полицаец, а поранешен војник, Кристофер Дорнер. Меѓу оние на кои е посебно налутен е – целата полиција на Лос Анџелес.


„Ќе наметнам неконвенционален и асиметрична војна на сите припадници на полицијата на САД, без разлика дали се на должност или не“, порачал во писмото.


Потрагата по Дорнер, отпуштен од работа во 2008 година поради давање лажни изјави, започнала откако е поврзан со едно убиство кон крајот на минатата седмица. Жртви се едно момче и ќерка на поранешен полициски капетан кој го застапувал во текот на дисциплинската постапка. Дорнер после повеќегодишната постапка го изгубил спорот.


Властите веруваат дека Дорнер минатата седмица отворил оган и на полицијата во градовите источно од Лос Анџелес, убивајќи еден и ранувајќи друг полицаец.


Додека трае потрагата, полицајците од патролната должност на мотори се повлечени бидејќи се стравува дека на Донор му се лесна цел.

[назад]
loading...
Коментари