Повеќе од 500 повредени во протестите во Газа

Сабота, 14 Апр 2018 | Прочитано 106 пати.

Повеќе од 500 луѓе беа повредени во протестите во Газа. Ова беше објавено од страна на палестинската власт , цитиран од Си-Ен-Ен.
Повеќето повредени лица имаат престрелки или имаат компликации од нападите со солзавец, информираат од палестинското Министерство за здравство. Најмалку една од жртвите е во тешка состојба. Од 30 март досега во нередите загинаа 34 лица .


Конфликтите кои избувнаа на границата меѓу Појасот Газа и Израел, се случија откако илјадници демонстранти се собираат трета недела по ред.


Ограничените судири меѓу палестинците и израелските војници се проширија на најмалку две гранични позиции, а повеќе протести се очекуваат попладне по муслиманските молитви.


Најмалку седум Палестинци беа застрелани и повредени од израелски војници , објави Министерството за здравство во Газа.
Израелската армија, од своја страна, вели дека ” шверцери и терористи” фрлаат молотови коктели врз израелски војници.

[назад]
loading...
Коментари