Повеќе повредени лица во голема експлозија во Париз

Сабота, 12 Јан 2019 | Прочитано 155 пати.

Во голема експлозија што се случи изутринава во Париз се повредени повеќе лица, соопшти полицијата. Како можна причина за експлозијата се претпоставува протекување на гас.

Порпаролка на париската полиција изјави дека експлозијата која се случи во пекарница во Париз била силна и предизвикала пожар. Причините сѐ уште се истражуваат. Противпожарните единици биле повикани да интервенираат поради протекување на гас од пекарницата.

Експлозијата се случила на околу еден километар воздушна линија од Париската опера. На улицата пред пекарницата има урнатини, а внатрешноста на објектот е опустошена. Освен тоа, искрешни се и прозорците на околните објекти во центарот на градот. Оштетени се и автомобили кои биле паркирани во околината.

„Сите спиевме кога се слушна огромен тресок, мислевме дека е земјотрес“,изјави за агенцијата АФП момче кое живее во соседната улица.

Францускиот премиер Филип, министерот за внатрешни работи Кастанер и парискиот обвинител Хајц се упатија на местото на несреќата.

Властите во Париз се во состојба на аларм поради најавените демонстрации на „Жолтите елеци“. Во главниот град на Франција се ангажирани околу 5.000 припадници на безбедносните сили кои би требало да спречат евентуално насилство. На протестите кои се одржуваа во текот на изминатите недели постојано доаѓаше до насилство и безредија.

[назад]
loading...
Коментари