Преку 100 загинати во поплавите во Нигерија

Вторник, 18 Сеп 2018 | Прочитано 79 пати.

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплави во централна и јужна Нигерија, соопшти Агенцијата за вонредни ситуации.


– Според сегашните информации, 100 луѓе загинаа во 10 држави, изјави Сани Дати, портпарол на таа агенција.


Поплавите се случуваат по поројните дождови кои врнеа во изминатите неколку денови. Вонредна ситуација е прогласена во четири држави во Нигерија. Стотици илјади луѓе останаа без домови поради поплавите во изминатите неколку години што ја погодија Нигерија.

[назад]
loading...
Коментари