Протести и генерален штрајк во Тунис

Петок, 08 Фев 2013 | Прочитано 284 пати.

Илјадници тунижанци се собрале денеска на погребот на убиениот опозиционен лидер, а во земјата се одржува генерален штрајк. Во средата во Тунис беше убиен пред неговиот дом секуларниот политичар Чокри Белаид, по што во повеќе градови во Тунис избувнаа демонстрации. Вчера беше запалено седиштето на исламистичката партија Енада. Премиерот Хамди Џебали, кој е од таа партија, најави дека ќе ја распушти владата и ќе формира технички кабинет во обид да ги смири тензиите, но други партиски претставници се спротиствуваат на таквата намера. Денешниот генерален штрајк го организира наголемиот синдикат во Тунис во знак на протест поради убиството на Белаид.

[назад]
loading...
Коментари