Протести во Русија против планираното зголемување на возраста за пензионирање

Понеделник, 10 Сеп 2018 | Прочитано 212 пати.

Руската полиција притвори повеќе од 1000 лица кои протестираа против планираното зголемување на возраста за пензионирање и ги прекина протестите против оваа мерка поради која опадна поддршката за претседателот Владимир Путин.


Руските власти се соочуваат со незадоволство од граѓаните поради поместувањето на старосната граница за заминување во пензија. Според предлогот, мажите наместо како досега со 60 години, во пензија мора да заминуваат со 65 години додека жените наместо на 55 на 63 години.


Во Русија старосната граница за заминување во пензија не е променета од 1932 година.


[назад]
loading...
Коментари