Пукања на фестивал во Калифорнија, најмалку четворица мртви

Понеделник, 29 Јул 2019 | Прочитано 199 пати.

Четири лица загинале, вклучувајќи го и напаѓачот во пукотници кои се случија на фестивалот на лукот во Калифорнија. Настанот се случил во градот Гилрој, а во инцидентот има најмалку 15 повредени.


„Имаме најмалку 15 ранети, четворица загинати, вклучувајќи го и осомничениот“, изјавил началникот на полицијата Скот Смит.


Претходно официјалнтие лица соопштиле дека се повредени околу 60 лица. 12 од нив биле ранети, а останатите се здобиле со повреди.


Притворена е една личност, но полицијата претпоставила дека може да има и соучесници во настанот. Засега името на напаѓачот не е објавено.


[назад]
loading...
Коментари