Путин го „пушти“ моќното оружје посејдон, кое може да носи нуклеарни боеви глави

Среда, 24 Апр 2019 | Прочитано 252 пати.

Рускиот претседател Владимир Путин го надгледуваше свеченото пуштање во употреба на новата подморница што може да носи нуклеарни боеви глави кои можат да предизвикаат разорно цунами, пренесуваат руските медиуми.

Путин денес го посети военото бродоградилиште во Санкт Петербург, каде што го надгледуваше заминувањето на нуклеарната подморница до централата Севмаш во Северодвинск на северозападот на Русија.

Руската морнарица соопшти дека подморницата е наменета да ги носи дроновите „посејдон“ кои од следната година ќе влезат во активна служба.

„Посејдон“ може да гаѓа крајбрежни области со тешко нуклеарно оружје, кое може да предизвика цунами.


[назад]
loading...
Коментари