Путин му понуди на Абе да склопат мир, до крајот на годината без никакви условувања

Среда, 12 Сеп 2018 | Прочитано 298 пати.

Рускиот претседател Владимир Путин му понуди на својот јапонски колега Шинзо Абе да склопат мир меѓу двете држави до крајот на годината без никакви условувања.


„Да склучиме мировен договор - не сега, туку до крајот на годината, без какви било предуслови“, рече рускиот претседател.


Путин беше поддржан од јапонскиот премиер. „Да одиме напред, поставувајќи ги прашањата како ‘ако не го направиме тоа [склучиме мировен договор] сега, тогаш кога? Ако не го направиме сега, тогаш кој ќе го направи ако не ние‘“, Рече Абе, пренесе РТ.


Тие се состанаа на Источниот економски форум во Владивосток, на далечниот исток на Русија.


Шинзо Абе, исто така, рече дека сегашната генерација има одговорност „целосно да ги отстрани повоените сцени“ од регионот.


Двете држави никогаш формално не потпишаа мировен договор по Втората светска војна, во отсуство на дипломатски односи.


Главната пречка за потпишување на мировен договор се долгогодишните побарувања на Токио на јужниот дел од руските Курилски острови, општо познати во Јапонија како „Северни територии“.


Рускиот претседател објасни дека прашањето вклучува различни „морални и политички“ фактори, така што државите мора да изнајдат „комфорно“ решение. Шинзо Абе забележа дека лидерите треба почесто да се среќаваат за да го решат територијалниот спор.

[назад]
loading...
Коментари