Путин во посета на Индија

Петок, 05 Окт 2018 | Прочитано 164 пати.

Рускиот претседател Владимир Путин престојува во дводневна посета на Индија, чија цел е продлабочување на врските со најбрзо- растечката економија во светот. Тој насредбите со индискиот премиер Нарендра Моди ќе разговара за соработката во областа на одбраната, како и за регионални и глобални теми.

Се очекува за време на посетата да бидат потпишани повеќе од 20 договори од областа на одбраната, вселенските истражувања и економијата.

Клучна точка, според најавите, ќе биде потпишување на договор вреден 5 милијарди долари за снабдување на Индија со противвоздушен одбранбен систем С-400.

[назад]
loading...
Коментари