САД не планираат да ја избришат Куба од црната листа

Четврток, 02 Мај 2013 | Прочитано 168 пати.

САД немаат намера да ја избришат Куба од листата на држави кои го спонзорираат тероризмот и на која се наоѓаат Сирија, Иран и Судан, соопшти Стејт департментот.Според портпаролот на Стејт департментот Патрик Вентрела, листата на држави кои го спонзорираат тероризмот нема да биде променета.

„Стејт департментот не планира да ја избрише Куба од листата на држави кои го спонзорираат тероризмот,“ изјави Вентрел.

Извештајот за тероризам требаше да биде објавен во вторникот, но е одложен и ќе биде објавен до крајот на мај. Вашингтон ја обвинува Куба дека е прибежиште на колумбиските бунтовници, баскиските екстремисти и американските бегалци. Куба негира дека на било кој начин е поврзана со тероризмот.

Еден од условите за бришење на некоја земја од листата на држави кои го спонзорираат тероризмот е јавно да се откажат од тероризмот што и Куба го направи во април месец кога изрази сочувство на американскиот народ и Владата по бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон.

 

[назад]
loading...
Коментари