САД: Неславен рекорд – најдолга блокада на владата во историјата

Сабота, 12 Јан 2019 | Прочитано 185 пати.

Делумната блокада на американската влада влезе денеска во 22 ден и со тоа е најдолга во историјата.
 
Пари за продолжување на работата засега не добиле девет од 15 американски министерства  додека Министерството за одбрана и Министерството за ветерани засега работат непречено.

Моментната состојба, според американски медиуми, ќе трае најмалку уште неколку денови, а демократите и понатаму одбиваат барање на претседателот Доналд Трамп за одобрување на 5,7 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Околу 380.000 вработени во администрацијата не работат, а околу 420.000 работат без плата.

[назад]
loading...
Коментари