САД се подготвува за голема бура

Петок, 08 Фев 2013 | Прочитано 293 пати.

Североисточниот дел на САД се подготвува за голема снежна бура, тамошните медиуми веќе ја нарекоа и „историска“.


Се очекува во Бостон да наврне најмалку еден метар снег, поради што се откажани над 3.300 авионски летови.


Како што јавува СНН, побарано е и затворање на неколку училишта, службите веќе се подготвуваат за исклучување на електричната енергија, а граѓаните ги испразнија полиците во голем број на продавници за храна.


Побарано е од работодавците да ги ослободат работниците во наредните неколку дена, а испратено е и предупредување до граѓаните да не излегуваат од своите домови, бидејќи се очекуваат големи блокади во сообраќајот.


Најсилен удар од бурата наречена „Немо“ се очекува во Бостон и тоа во попладневните часови по локално време.


Ниту Њујорк нема да биде поштеден, иако овој град сеуште се опоравува од бурата „Сенди“, неговата сеуште несредена инфраструктура ќе мора сега да се справи и со снегот.

[назад]
loading...
Коментари