Се смеел кога заминувал: Крадец и ги вратил парите на жената кога го видел износот на нејзината сметка

Среда, 13 Март 2019 | Прочитано 437 пати.

Еден необичен кинески крадец привлекол големо внимание на интернет кога ѝ ги вратил парите на жената која сакал да ја ограби.

Тој ѝ пришол зад грб кога таа стоела пред банкоматот и ѝ ги украл парите кои ги подгинала.

Бидејќи жената од страв му дала мала сума на пари, крадецот не бил задоволен. Ѝ се заканил со нож и ѝ кажал да подигне уште пари, а кога таа ја отворила банкарската сметка, тој започнал да се смее – на неа воопшто немало пари.

На крадецот му било жал, па ѝ ги вратил украдените пари и се смеел додека заминувал. Камерите го снимиле целиот инцидент, а мажот бил уапсен и одведен во полициска станица.


[назад]
loading...
Коментари