Се степаа пратеници во Парламентот во Венецуела

Среда, 01 Мај 2013 | Прочитано 160 пати.


Инцидентот се случил во вторникот за време на бурната седница кога седум пратеници на опозицијата биле нападнати повредени оти не ја признавале изборната победа на Николас Мадуро на претседателските избори оддржани на 14 април.

 

Пратениците од владејачката левица своите „противници“ ги нарекоа „фашисти“, а Мадуро изјави дека знаеле оти ќе дојде до насилство во Парламентот кое никако не смее да се повтори.

 

Николас Мадуро го победи својот опозициски противник Енрике Каприљес со 1,5 отсто од гласовите, по што вториот одби да ги признае изборите од претседателските избори тврдејќи дека изборите биле лажирани и дека имало илјадници случаи на неправилности.

 

Тепачката почнала кога опозициските пратеници на претседателот на Парламентот Диосадо Кабео му викнале дека е „фашист" и развиле транспарент на кој пишувало „Парламентарен државен удар", пренесува Ројтерс.

 

Тогаш, како што јавува агенцијата, биле нападнати од пратениците на владејачката партија, а во пресметката меѓусебно се гаѓале со се што ќе им се нашло при рака, од столчиња до лаптопи, додека еден застапник, според изјавата на неименуван очевидец, е удрен со столче по главата.

 

Нов потенцијален судир меѓу двете политички струи во Венецуела се очекува да се случи денеска, откако и власта и опозицијата најавија масовни собири  на своите приврзаници во чест на Меѓународниот празник на трудот.

[назад]
loading...
Коментари