Се умориле од броење, најдолгите избори во светот однесоа 270 жртви

Понеделник, 29 Апр 2019 | Прочитано 462 пати.

Повеќе од 270 членови од персоналот на индонезиската Изборна комисија, починале од замор, десет дена по завршувањето на претседателските и парламентарните избори во оваа земја, пренесуваат светските медиуми.

Повеќето од нив починале од умор, затоа што работеле прекувремено и рачно ги броеле милионите избирачки ливчиња. Изборите во оваа земја се најголемите еднодневни избори кои се одржуваат во светот, со оглед на тоа што на истите гласаат повеќе од 193 милиони луѓе.

Додека се броеле ливчињата, истовремено 1800 лица од бројачите се разболеле. Од Министерството за здравство соопштиле дека здравствените уставно требало да им ја пружат најдобрата можна нега на персонаот на Изборната комисија, додека Министерството за финансии работи на утврдуање на надокнада за семејствата на загинатите.

[назад]
loading...
Коментари