Шест деца загинаа, а 70 се повредени на концерт во Алжир

Петок, 23 Авг 2019 | Прочитано 172 пати.

Шест деца загинаа, а 70 лица беа повредени синоќа во стампедо на концерт во престолнината на Алжир. Повеќе од 45.000 лица присуствувале на концертот на стадионот во Алжир на локалната рап ѕвезда Абдуларауф Дераџи, попознат како „Сулкинг“.


Концертот се претворил во трагедија кога се случило стампедо на еден од влезовите.


Според локални медиуми, шест деца на возраст меѓу 6 и 12 години загинале во стампедото, додека 70 други се повредени. Снимките од инцидентот се објавени на различни платформи на социјалните медиуми, на кои се прикажани лекари кои ги носат жртвите пред стадионот.


И покрај паниката, концертот се одржал и бил пренесуван во живо на телевизија.


[назад]
loading...
Коментари