Шпански авион-ловец од невнимание истрела проектил во Естонија

Среда, 08 Авг 2018 | Прочитано 392 пати.

Шпански борбен авион, стациониран во Литванија, по грешка, за време на обука, испушти ракета над југозападна Естонија. притоа тој не предизвикал никаква штета, соопшти шпанското Министерство за одбрана, кое отвори истрага за случајот.


Шпанското Министерство соопшти дека инцидентот се случил вчера попладне, „во зона во која таков тип вежба е дозволен“.


„Ракетата возду-воздух не погоди ниеден авион. Министерството за одбрана отвори истрага за да утврди како точно се случил инцидентот“, се наведува во соопштението.

[назад]
loading...
Коментари