Шри Ланка- седум бомбаши самоубијци ги извршиле нападите

Понеделник, 22 Апр 2019 | Прочитано 202 пати.

Седум бомбаши самоубијци учествувале во смртоносните напади на цркви и на луксузни хотели во Шри Ланка во кои загинаа 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени, соопшти висок извор од истрагата, а пренесува агенцијата Ројтерс. Двајца бомбаши самоубијци се разнеле пред луксузниот хотел Шангри- Ла во главниот град Коломбо, рече Аријананда Велианга, висок функционер во владиниот оддел за форензика. Другите нападнале три цркви и два други хотела. За четвртиот хотел и за куќата во предградието во Коломбо, кои исто така беа нападнати, се уште не се знае како се извршени нападите.Засега никој не ја презема одговорноста за нападите кои се случија на католички Велигден.

[назад]
loading...
Коментари