Силен земјотрес на Филипините, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди денеска источниот дел на Филипините, по што државната сеизмолошка агенција издаде предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на 120 километри од градот Виго, на длабочина од 45 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт, кој првично соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,3 степени.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија ги повика луѓето што живеат во близина на брегот да се оддалечат од океанот, предупредувајќи дека може да се соочат со бранови високи еден метар над просекот и дека брановите би можеле да бидат уште повисоки во заливите и теснецот.

– Јавноста е информирана да биде подготвена во случај на големи бранови. Им беше препорачано да се држат настрана од плажите, изјави за радиото ДЗММ, Терезито Баколол, директор на државната сеизмолошка агенција.

Тој додаде дека засега нема извештаи за штети или жртви.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *