Силен земјотрес на Филипините загинати преку 10 лица

Вторник, 23 Апр 2019 | Прочитано 128 пати.

Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтер што ги погоди Филипините се зголеми на 11 лица.

Според веста на „Филстар“, бројот на лицата кои го загубија животот во вчерашниот силен земјотрес за кој што од страна на Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS) беше соопштено дека беше со јачина од 6,1 степени, се искачи на 11 лица.

Како што се истакнува, под дејство на силниот потрес чиј епицентар се наоѓал на 1 километар северозападно од Бодега и се случил на длабочина од 20 километри под површината на земјата, бил срушен еден четири спратен купопродажен центар во градот Порак во провинцијата Пампанга.

Ова место било најмногу оштетено од земјотресот и како што се вели продолжуваат активностите со кранови и машини за кршење на бетон во срушениот купопродажен центар каде што се претпоставува дека под рушевините се наоѓаат затрупани најмалку 30 лица.

Гувернерот на провинцијата Пампанга Лилиа Пинеда истакна дека од под рушевините на срушениот четири спратен купопродажен центар се слушале гласови.

По главниот потрес со јачина од 6,1 степен кој што станал причина за појава на голема паника и во главниот град на Филипините, Манила, биле евидентирани уште најмалку 52 последователни потреси, поради што биле евакуирани голем број лица од хотелите и купопродажните центри, а биле сопрени и метро линиите во филипинскиот главен град.

[назад]
loading...
Коментари