Силен земјотрес на Северно Маријанските Острови

Понеделник, 12 Фев 2018 | Прочитано 115 пати.

Земјотрес со интензитет од шест степени според Ригхтеровата скала е регистриран денеска во близина на бреговите на Северно Маријанските Острови во Тихиот Океан, јужно од Јапонија.


Потресот е регистриран во 8 часот и 14 минути по локално време на длабочина од 10 километри, со епицентар 136 километри југоисточно од островот Рота, соопшти Американскиот геофизички институт.


Нема информации за жртви и предизвикани материјални штети и не е издадено предупредување за цунами.

[назад]
loading...
Коментари