Силна песочна бура повторно ја погоди Индија

Понеделник, 14 Мај 2018 | Прочитано 147 пати.

Повеќе од 40 луѓе загинаа во силна песочна бура што денеска ги погоди северните делови на Индија.


Според локалните медиуми силниот ветер кој корнел се пред себе   достигнал брзина од 110 километри на час.


Многу домови останале без струја, а бурата предизвикала и хаос во сообраќајот. Во застој бил железничкиот и авио сообраќајот бидејќи авионите не можеле да слетаат на меѓународниот аеродром во Њу Делхи.


Во слични песочни бури на почетокот на мај во Индија живото го загубија околу 200 лица.

[назад]
loading...
Коментари