Страшен ураган се движи кон Флорида, итна евакуација на населението

Вторник, 09 Окт 2018 | Прочитано 313 пати.

Ураганот Мајкл се движи кон Мексиканскиот Залив на север и североисток и се очекува да ја погоди Флорида в среда, а жителите се повикуваат на евакуација поради заканувачките бранови, ветришта и дождови, кои се опасни за живот.

На десетици илјади луѓе им беше наредено да се евакуираат во Вакули, Флорида. Мајкл би можел да биде бура од трета класа и се очекува создавање свлечишта.

„За оние што размислуваат за евакуација, не можам да истакнам колку е важно да се направи тоа што е можно побргу“, напиша шерифот Томи Форд на „Фејсбук“. „Рутите за евакуација може бргу да се претворат во сообраќајни кошмари. Ве молам, веднаш почнете да се евакуирате“.

[назад]
loading...
Коментари