Страшен земјотрес во Кина - загинаа 12 лица, а 134 се повредени

Вторник, 18 Јун 2019 | Прочитано 224 пати.

Најмалку 12 лица загинаа и 134 се повредени во земјотрес во јужната кинеска провинција Сечуан, јавуваат кинеските медиуми.


Повеќе од 4.000 лица привремено се сместени после земјотресот кој уништил повеќе од 10.000 домови во градот Јибину, каде живеат околу 5,5 милиони луѓе.


Властите соопштиле дека повеќе од 100.000 луѓе се „погодени од земјотресот“. Потресот бил со магнитуда 6, на длабочина од 16 километри.


Забележани се околу 60 благи помали земјотреси.


[назад]
loading...
Коментари