Тринаесет загинати при пад на воен хеликоптер во Казахстан

Четврток, 28 Март 2019 | Прочитано 159 пати.

Во пад на воен хеликоптер во Казахстан загинаа сите 13 патници, соопштија властите.

Хеликоптерот се урнал за време на вежба во областа Залагаш, источно од Аралското Езеро, во јужниот дел на земјата, соопшти казахстанското Министерство за одбрана.

Во рамки на вежбите на специјалните сили, хеликоптерот Ми-8  летал од местото Актау на Каспиското Езеро до Шимкент, во близина на границата со Узбекистан.

Министерството за одбрана првично наведе дека не е познато дали има преживеани.

Привремениот претседател на Казахстан, Касим Јомарт Токајев подоцна напиша на Твитер дека сите патници загинале.

Токајев истакна дека наредил истрага за падот на хеликоптерот.

[назад]
loading...
Коментари