Тројца мртви по заложничката драма во Калифорнија

Сабота, 10 Март 2018 | Прочитано 201 пати.

Тројцата мажи, земени како заложници во домот на ветераните во американскиот град Јоунтвил, Калифорнија, како и нивниот киднапер, пронајдени се мртви, објави Ројтерс.


Напаѓачот, 36 годишниот Алберт Вонг, исто така бил најден мртов од страна на полициските сили кои упаднаа во локалниот центар за ветерани.


Вонг, кој и самиот бил ветеран и посетувал програма за помош во центарот, зема заложници во петокот. Полицијата седум часа се обидуваше да преговара со напаѓачот кој дошол подготвен за опсада и носел панцирен штит на телото. Неговите жртви се три жени кои работеле во центарот. Центарот во Јоунтвил, во близина на Сан Франциско, е еден од најголемите од тој вид во САД и во него грижа примаат над 1.000 ветерани, некои од нив од Втората светска војна и од Виетнамската војна.


[назад]
loading...
Коментари