Турција го откажа гостопримството на израелскиот конзул поради насилството во Газа

Среда, 16 Мај 2018 | Прочитано 373 пати.

Турција му го откажа гостопримството на изралескиот конзул во Анкара и ги отповика своите претставници во Вашнгтон и Тел Авив. Турското министерство за надворешни работи му порача на израелскиот конзул во Истанбул да се врати во Израел на извесен период, објави турската агенција Анадолија, откако израелските сили убија повеќе од 60 Палестинци на границата меѓу Појасот Газа и Израел.


Израел пак, од своја страна го протера турскиот генерален конзул во Ерусалим, а Ердоган во меѓувреме размени тешки зборови на Твитер со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.


 


Турција е еден на најгласните критичари на израелската употреба на сила на границата го Газа, како и одлуката на САД да отвори претставништво во Ерусалим. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган крвопролевањето во понеделникот го окарактеризира како геноцид и ја нарече Израел терористичка држава.


 


 

[назад]
loading...
Коментари