Убиени 10 екстремисти и уапсени 400 осомничени во Египет

Вторник, 13 Фев 2018 | Прочитано 121 пати.

Египетските безбедносни сили убија 10 екстремисти во размена на оган и уапсија 400 осомничени, вклучувајќи и странски борци, во операција против исламистите на Синај.


Во најновата офанзива на силите за безбедност, досега се убиени вкупно 38 екстремисти, пренесе „Ројтерс“.


Големата воена операција, во којашто учествуваа и војската и полицијата, започна во петокот, а целта е уништување на терористички и криминални елементи и организации ширум Египет“, изјави портпаролот на војската.


Претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси, во ноември минатата година, нареди вооружените сили да ги уништат екстремистите во рок од три месеци, по нападот на исламисти на џамија, каде животот го загубија повеќе од 300 лица.

[назад]
loading...
Коментари