Ураганот Флоренс ја погоди Северна Каролина

Петок, 14 Сеп 2018 | Прочитано 56 пати.

Повеќе од сто илјади домови останаа без струја, временските услови се влошуваат, а властите предупредуваат дека ураганот Флоренс се уште има потенцијал да убие многу луѓе. Најпогодена е американската сојузна држава Северна Каролина. Тука Флоренс донесе силни ветрови, поројни дождови, а во крајбрежниот град Њу Берн, кој најмногу настрада, отсечени се илјадници луѓе поради поплавите.


Силината на Флоренс е намалена на категорија еден, од максимални пет, но со оглед на неговата големина тој би можел да го удира американскиот брег постојано во текот на денешниот ден. И покрај неговата непредвидливост, се очекува денеска попладне повторно да ја погоди Северна Каролина. Освен што е наредена евакуација, гувернерот го предупреди населението на претпазливост, бидејќи новиот удар може да предизвика големи поплави и одрони.



„Мојата порака денеска е да не се опуштате. Останете будни, ова е моќна бура која може да убие…Јачината на ветровите можеби е намалена од вчера, но тоа е во замена на голем ветер кој зафаќа површина од речиси 400 километри со тропска бура“, предупреди гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер.


Во моментов Флоренс дува со јачина од 175 километри на час, а од енергетската компанија Дјук Енерџи најавуваат дека без струја би можеле да останат до три милиони потрошувачи. Се проценува дека од овој историски ураган загрозени се десет милиони луѓе. Се очекува надоаѓање на морето и до 13 метри. На патот на Флоренс се наоѓаат и шест нуклеарни електрани, иако властите велат дека се безбедни, експретите предупредуваат дејка поплавите би можело да ги загрозат нивните безбедносни системи.

[назад]
loading...
Коментари