Уште еден земјотрес ги здрма Соломонските Острови

Четврток, 07 Фев 2013 | Прочитано 271 пати.

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер ги погоди Соломонските Острови, соопшти Американскиот геолошки инситут. Ова е уште еден во низата помали потреси по земјотресот што предизвика цунами во кое загинаа најмалку девет лица. Последниот потрес се случи на 10 километри длабочина и 362 километри источно од островот Кир Кир. Земјотресот во средата бил со јачина од осум степени.

[назад]
loading...
Коментари