Верижен судир со 50 возила блокира автопат во Германија

Понеделник, 29 Апр 2019 | Прочитано 276 пати.

Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе од 50 автомобили го блокира движењето по автопат во Баварија, Германија, објавија локалните медиуми.

Во несреќата повредени се повеќе од 25 луѓе, а состојбата на четири лица е критична. Повеќето од возачите и патниците биле блокирани во возилата се додека не пристигнале спасувачките екипи.

Во спасувачката операција биле вклучени и два полициски хеликоптера.

[назад]
loading...
Коментари