Во Камерун ослободени сите 78 грабнати деца

Среда, 07 Ное 2018 | Прочитано 58 пати.

Ослободени се 79 ученици кои беа киднапирани од неидентификувани вооружени луѓе во Камерун, но двајца од тројцата вработени во училиштето и понатаму се во рацете на киднаперите, информира денеска црковен претставник.

Децата беа киднапирани во близина на Баменда, главен град на еден од двата камерунски региони чии жители зборуваат англиски јазик. Тие две области се погодени од насилства меѓу англофоните сепаратисти и безбедносните сили на Камерун.

    „Слава му на Бога, 78-те деца и возачот се ослободени. Директорот и еден учител и натаму се кај грабнувачите“, изјавил свештеникот Самуел Фонки, пренесува агенцијата Reuters.

Не е јасно под кои услови се ослободени учениците, а властите велат дека тие биле испрашани пред да бидат пуштени кај нивните родители.

Според Присбитерианската црква во Камерун, учениците се наоѓале во една зграда во градот Бафут, на околу 24 километри од Баменда. Црквата соопшти дека ова е второ киднапирање во истото училиште за помалку од една недела. Претходно 11 момчиња исто така беа киднапирани па ослободени. Но и тогаш не беше јасно кои беа киднаперите, додава Би-Би-Си.

[назад]
loading...
Коментари