Во лизгање на земјиште Виетнам најмалку 13 лица загинати

Понеделник, 19 Ное 2018 | Прочитано 63 пати.

Тропска бура со многу дожд во централен Виетнам предизвика лизгање на земјиште во кое настрадаа 13 луѓе, а четворица се водат како исчезнати.

Еден службеник на провинцијата Кан Хиа вели дека во тек е потрага по исчезнатите и евакуација на населението, за што се ангажирани околу 600 војници.

Според него, лизгањето на земјиштето вчера урнало неколку куќи и ги затрупало луѓето во неколку села околу одморалиштето На Транг.

Стотици Виетнамци годишно страдаат во поплави и бури.



[назад]
loading...
Коментари