Во Сирија погодени позициите на режимот

Петок, 28 Јун 2019 | Прочитано 171 пати.

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека ефективно се погодени позициите на режимот од каде што вчера беше извршен напад на набљудувачко место во Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).


Во соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција се истакнува дека еден турски војник е убиен и уште тројца се ранети како резултат од нападите на режимот на точката за набљудување број 10.


Исто така, во соопштението се наведува дека турските воени сили по нападите на режимот ефикасно ги погодиле позициите на режимот и нивните возила во регионот.


Сириските режимски сили од областите што се под нивна контрола намерно извршиле напад со топови и минофрлачи на набљудувачкото место 10 во зоната на деескалација на судирите. При нападите, еден турски војник е убиен и уште тројца се ранети.


По нападот е објавено дека турските воени сили ги нападнале позициите на режимот.

[назад]
loading...
Коментари