Вонредна состојба во Америка - снежен бура ја затрупа земјата

Четврток, 08 Март 2018 | Прочитано 226 пати.

По вторпат за една недела североистокот на САД е погоден од снежна бура поради што се откажани голем број летови, затворени се училишта, а во некои делови нема струја.


Десетици илјади луѓе останаа без електрична енергија на подрачје од Филаделфија до Њујорк и повеќе од 3.500 летови во тој регион се откажани.


Откажан е железнички сообраќај и движење на автобуси, а гувернерите на американските држави Њу Џерси и Пенсилванија прогласија вонредна состојба. Околу 100 илјади домаќинства се уште се без струја од претходната снежна бура. Сите училишта во Филаделфија се затворени.


[назад]
loading...
Коментари