Вонредна вест: Падна руски авион – загинаа 71 лице

Недела, 11 Фев 2018 | Прочитано 494 пати.

Патнички авион во сопственост на Саратовските авиолинии исчезна од радарите веднаш по полетувањето од московскиот аеродром „Домодедово“. Авионот Ан-148 летал кон Орск и по полетувањето исчезнал над Раменскиот регион во Подмосковјето. Во авионот имало 71 лице – 65 патници и неколку членови на екипажот. Меѓу патниците имало и мало дете.



Вонредните служби од Подмосковјето подоцна соопштија дека исчезнатиот Ан-148 е пронајден во поле во Раменскиот регион крај руската престолнина. Сите луѓе од авионот загинале.



Случајот се испитува.



Локалните власти укажуваат на тоа дека причината за падот е не успехот да се почитуваат безбедносните правила за воздушен сообраќај. Рускиот министер за транспорт, Максим Соколов, отпатува на местото на инцидентот.

[назад]
loading...
Коментари